виси (гл.) - во (предл.)

Отпаднаа всушност сите ѕидови сѐ што беше вертикално, се слизнаа надолу во некоја бездна, и , кога погледнав преку еден од паднатите ѕидови, видов како куќата ми виси во еден празен простор под неа, еден бескрајно празен простор под неа.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Нејзиниот парфем останува уште некое време да виси во воздухот, колку да му ги дразни изострените сетила на К*, кој со носот ги лови последните атоми на, веројатно, скапиот мирис што го носи младата сосетка.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Зашто Софија со својата индустрија, со своите фабрички оџаци е голем извор на чад, на дим, на пепел, кој секојдневно виси над софиското небо, се напластува по нејзините покриви, виси во воздухот и допира до луѓето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Перцето ја кинеше хартијата на ситни ленти и распрскуваше мастило насекаде по излогот и рекламата, која и покрај тоа и понатаму можеше да се чита.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
3. Една вечер шетав по булеварот Холивуд, без некоја одредена цел. Застанав пред излогот на една печатница.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со помош на некој механизам едно перце висеше во воздухот и како што една ролна хартија, исто така со помош на механизам, поминуваше покрај него, така перцето ги правеше истите движења кои ги учев во третто одделение основно училиште при вежбите за убаво пишување. 182 Margina #11-12 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Otto Hahn: „Некои луѓе сметаат дека авторизирајќи ја репродукцијата на вашите редимејди, го негирате својот херојски став со презир кон трговијата, став кој го држевте четриесет години; со други зборови го уништивте митот. Марсел Дишан: Ах, се жалат, квичат! Мораат да кажат: „Тоа е страшно, подлост, срам.“ Ќе им одговара да ме затворат во категорија, во формулар. Но тоа не е мојот дух.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што невестата која, разголена но не и силувана, виси во својот стаклен кафез, додека ергенот под него ја дроби својата чоколада, Дишан е изолиран и сам со својата голема уметност која ја сметаше за не-уметност.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Можеби тие слики и не висеа на ѕидовите, туку висеа во мене, во моите очи, во моите слепоочници, а јас ги лепев по ѕидовите, го збогатував друштвото на ѕвероглавите и стравував, стравував.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Партијците уста не отвараа, ниту се спротивставуваа, ниту одобруваа. Седеа по канцелариите замолчени и исплашени од мечот Господов што веќе висеше во воздухот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас гледав сеништа...гледав големи грозни okno.mk 109 110 okno.mk нешта како висат во воздух, ќе ги видев тие нешта како лебдат, и тие едноставно беа многу убави.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Во една од студените вечери додека го пиеја чајот со рум, Јана прва ја начна темата која речиси два месеци висеше во воздухот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На тромавиот чад во крчмата, светлоста виси во крпи.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Падот на Бургиба висеше во воздух.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Но и овде надежните денунцијанти, кои нишанеа сега на мојата директорска позиција, не ме оставија на мира, сѐ додека не ме сменија поради нивните незаситни амбиции и не ме сместија со моите книги во едно одајче на влезот во Институтот, кое како да беше прикачено за градбата и висеше во просторот, наречено во шега од еден мој сакан пријател писател вавилонското одајче на Климент Камилски!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Свеќи не најдоа, ама кандилката што се палеше секоја недела висеше во аголот на одајката и сега додека не се донесоа свеќи таа му гореше крај главата бркајќи ја вечната темнина од неа.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Како да виси во воздухот, како да лета.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
- Ја паметиш сликата на Загорка Пеперутката што виси во мојата канцеларија? – ме праша.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, бидејќи не му бев одговорил а помина поприлично време Пачев ја тргна раката од моето рамо и седна на креветот. – Подобро ќе беше да ја фрлиш в оган а не да ми ја донесуваш. – Секој ден идевте за да видите како ѝ напредува работата на Пеперутката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Кога ќе бидеш слободен, земи ја! Ја симнав од ѕидот! Фрли ја в оган!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- И премногу е добра за да виси во службени простории – беше идниот негов заклучок.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тенорот го подига последниот збор и гласот останува за миг да виси во растреперениот ноќен воздух и секнува песната колку за да чукне срцето посилно, градите да се наполнат со воздух.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Со кои зборови ќе го опишеш чувството без форма кое виси во овие ладни ходници пред кое отчукуваат милиони чекори на непознати гости кои дошле да ти се восхитуваат, а не те разбираат.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Стана и влезе дома. Во топлата одаја го разбива мракот малендавото кандилце чие пламенче трепери пред ликот на Богородица - иконата стара што од памтивек виси во ќошот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Балконот сè уште не е доправен, па така, од вратата директно се излегува надвор, кон слободната празнина што зјае одоздола.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ја отворив балконската врата, седнав внимателно на прагот и ги спуштив нозете слободно да ми висат во просторот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)