вклопи (гл.) - совршено (прил.)

За да добиеме целосна слика за тоа како Риверс се вклопува во развојот на современата уметност, неопходно е да го истражиме не само неговиот живот туку и мислењата формирани и објавувани од коментаторите и анализаторите - и тоа како оние што го поддржуваат, така и оние што го омаловажуваат.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Уметноста што е навредувачка, конфронтирачка и брутална, се појави во ерата на бунтот против студенилото на формалистите, и во таквата атмосфера Риверс се вклопува совршено, ако не и пророчки.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Воопшто не се сомневам дека третманот на Риверсовите дела од страна на критиката е под силно влијание на реакциите на критичарите на неговата личност, и дека неговиот намерен публицитет и спремност јавно да ги признае мотивите и целите што другите уметници исто така ги имаат но ги чуваат во својата приватност, го обои вреднувањето на неговата уметност...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во овој век интерпретативните текстови за уметниците и нивната уметност достигнаа беспримерен степен на влијание, делумно поради својот обем и разновидност; а јавното мислење честопати е моделирано барем исто толку од објавените критики колку и од директното восприемање и доживување на делата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)