вклучува (гл.) - во (предл.)

За тоа време тоа е една речиси нормална појава. Никола Поцо одлично се вклучувал во сето тоа.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Во таква ситуација на Британците им останувало само да чекаат и да видат дали таа одлука вклучува во себе “некоја балканска федерација или само некое мало спојување со Бугарија во советската орбита“.369 На 10 декември 1944 година Главниот штаб на сојузничките сили добил информација дека “ЕЛАС добива оружје, муниција и помош од симпатизери во Бугарија и Југославија“ и барал од 37 воена мисија “да се преземе истражување...и ако е можно да ја спречите таквата помош на ЕЛАС“370 Меѓутоа, во телеграмата од 11 декември се барало “во случај извештаите да бидат вистинити“ да не преземаат “енергична акција“ како што се барало од нив, без претходни инструкции од британската заднинска воена мисија на Фицрој Маклин.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Не знам колку ги дослушнувам зборовите на сочувство?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само јас се однесувам некоректно. Не се вклучував во разговорите, па ни во оние, добронамерните.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На главниот автопат, делот од патот по кој Даниел возеше, мораше да застане и да почека малку пред да почне неговиот камионет да се вклучува во реката од сообраќај.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Борини, која го сретнала Фаерабенд додека студирала медицина на Беркли една деценија порано и која се омажила со него шест години подоцна, се вклучува во разговорот спорадично - на пример, откако го запрашав него зошто смета дека некои научници му се толку многу налутени. okno.mk | Margina #4-5 [1994] 97
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со една попустлива насмевка, оваа претстава ја гледа Фаерабендовата жена, Грација Борини, четириесетгодишна Италијанка, физичар(ка) чиј манир е толку смирен колку што е Фаерабендовиот жесток.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Од што точно се плашат сите тие луѓе? Дека грижливо поставената фасада на геј- мажественоста, со маки добиена благодарение на поединечен и колективен труд, ќе им се урне како кула од карти и ќе ги открие оцртите на она одвратноно Друго, самовилата или кралицата?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Ете зошто се склони да одрекуваат секакво учество во геј- културата или секаква свест за нејзиното постоење, иако одвреме-навреме активно се вклучуваат во животот на геј- заедниците.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Геј-мажите кои сакаат да се претставуваат како мажевни, ненастрани, постгеј или едноставно како обични, секојдневни дечки чија сексуална наклонетост не ги обележува како инакви од обичниот свет, инстинктивно клонат од секој аспект на машката хомосексуалност што би изразувал или би означувал женственост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И навикнати сме да го слушаме она постојано, настојчиво тврдење – што непрестајно ни се повторува веќе со десетлетија – дека машката геј-женственост е нешто од минатото, дека поларизираните сексуални улоги се застарени, хомофобични претстави, дека „кралицата е мртва“, дека нема разлика меѓу геј- и стрејт-луѓето, дека не постои никаква машка геј-култура што би била нешто повеќе од низа од злонамерни стереотипи.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Колку што циркулацијата ја истиснува печатената страница, и колку што повеќе нашите комуникации нѐ вклучуваат во процесите поврзани во мрежи (што е сѐ поприсутно), толку нашата перцепција на историја неизбежно ќе се измени.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Логично, механизмот на културалните промени вклучува во себе комуникација.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Индивидуите се активирани да се променат кога од останатите во својата група ќе примат сигнали за некоја нова идеја.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од овој површен поглед врз историските настани во Македонија се гледа оти горе-долу сите македонски котлини имаат една и иста историска судбина, горе-долу сите нивни жители имаат особен, одделен историски живот, неретко самостоен, или пак вклучува во себе заедничка борба за политичка слобода.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во 1944 година Чашуле го организира успешното бегство од тој затвор на повеќе од 300 осуденици, по што активно се вклучува во завршните воени операции за ослободување на Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Во 1968 година Бел почнал да работи како предавач на Франкфуртскиот универзитет, а од 1972 година активно се вклучува во политичкиот живот на Германија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Габриел Гарсија МАРКЕС (1928, Аракатака), Колумбија Писател и новинар, добитник на Нобеловата награда за литература во 1982 година.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најмногу изгледи за успех би имала стратегијата која во голема мера би се потпрела на холандското и шведското искуство. Наспроти впечатокот кој погрешно би можел да се стекне, Холанѓаните не ги легализираа јаките дроги; тие практично ја комбинираат фактичката декриминализацијата на марихуаната со строгата примена на законот против трговија со јаки дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Таа стратегија Швеѓаните ја нарекуваат „стратегија на солидарност“. Нејзин основен принцип е спроведување социјална политика која сите граѓани ги вклучува во општествениот и економскиот живот - посебно младите, за да не подлегнат на фрустрациите и на чувството на отуѓеност - со што се намалува и потребата за дрога. 74
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Тука не се пропушта, се разбира, да се спомене и балканската гордост, Фаик Коница, кој под псевдонимот Транк Спироберг, се вклучува во европската полемика со тезата дека секој природен јазик со непречена милениумска еволуција, има поголемо право да биде избран за универзален јазик отколку сите вештачки јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Или, како што нараторот вели, парафразирајќи ги тие ставови: Идејата сите народи да зборуваат само еден јазик е исто како да собереш коњи, магариња, кучиња и камили и да ги натераш со силата на стапот сите заедно да рикаат, без оглед на нивниот вид.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Затоа еве една повообичаена парафраза на македонски: Сите консистентни аксиоматски формулации од теоријата на броеви вклучуваат во себе неодлучливи пропозиции.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Неговата музика не е попречувана од звуците од околината, а за да ова го истакне како факт, тој тишината или ја вклучува во своето дело или на континуитетот му ја дава самата природа на тишината (отсуство на намерата).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Културно попречување (Culture jamming) Улиците се јавни простори, но граѓаните немаат средства за купување рекламен простор на нив со цел да се чуе и нивниот глас, а не само гласот на рекла­ мите.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Водени од убедувањето дека „време е јавноста да престане да бара некои простори да се остават 106 неспонзорирани и да почне да ги зема назад“ 130 , културните попречувачи (culture jammers) енергично се вклучуваат во хегемониската битка за симболичкиот простор.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
БОРИС: Колку што знаеш. (Матеј ја зема гитарата. Ја вклучува во засилувач.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
На пример, една класа на сегашните процесорски чипови вклучуваат во себе мемории кои содржат делови од програм, и еден внатрешен, помал процесор којшто нив ги интерпретира, и целиот овој систем е реализиран на силициумски чип.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)