вкрсти (гл.) - во (предл.)

Оттука веќе нема каде: сите насони се вкрстуваат во точка отаде крајот: секое распатје - распетие...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Париз е поврзан со метрото од еден до друг крај и тоа како густа пајажина се вкрстува во сите делови на градот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Пред најтешкиот крстопат сега стојам: оној во мене, кога повеќе не одлучувам јас!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
2. Мојата приказна „Стасав во последен миг, но сепак го преминав прагот на авлијата 28и премрев, мислам, одеднаш: - самрачна светлост, неспокоен сјај и јарка нестивната страст која се одразува врз сѐ и во сѐ и сѐ превреднува, како премрежје - сетне, интензивен спој вибрации збрани на едно место налик на грст значења вкрстени во еден единствен збор (о, парадоксално блаженство на хомонимијата - си реков и почувствував дека допираат до тебе моите помисли, надтежнати од профаност занесени по светост изострени од долгото 'рвење меѓу принудата и поривот меѓу надворешното и внатрешното!)
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)