влегува (гл.) - да (сврз.)

Танаил со жена му и син му со ифрит во душата гледаа кон куќата од Китан - кои луѓе му влегуваат да му честитаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Влегува и Михајло Горачинов, се измолил некако да го пуштат и влегува да ме види.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Тоа беа дуќани што нудеа многу, кои ги мамеа купувачите со одблесокот на златните предмети преку стаклените окна: блесокот на златото, пак, се одбиваше од сјајот на нивните очи, така што тие често влегуваа да купат по некое парче од Еразмовото злато.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)