влезе (гл.) - воздух (имн.)

Азра гласно се насмеа, на што нејзиниот адвокат и рече: “Биди пристојна”.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нека се проветрат собите, нека влезе воздух. - се брзаше Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Луѓето што доаѓаат со понада му ја отвораат вратата од собата да влезе воздух, да поземе здив.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Деница нервозно се вртеше наназад, во галеријата исполнета до последното место, барајќи со погледот некого, а потоа од службеникот што ги проверуваше материјалите за расправа побара да се отвори еден од прозорците, за да влезе воздух.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)