влече (гл.) - во (предл.)

Тркалото ни ги потфати нозете и нѐ влече во себе, нѐ фрла ту ваму, ту таму, нѐ држи, нѐ стега.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Треската го влечеше во непознат мрак и му го сушеше грлото на чие дно лежеше неговата смеа искината на парчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И губејќи се самиот себе меѓу забрзаните луѓе, побрза да се најде во првата крчма, таму под мостот, под кој почнаа да се изнуркуваат и по ден призраците што се влечеа во тие ноќи по него.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но тогаш дојдоа мравки црни петна врз бела руба тревата да ја влечат во дупките и птиците во јата се нафрлија на дворот.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
И, додека го убедуваа неговото другарче од одајата, во која ЦИА перманентно го „труеше“ со боеви отрови вшприцани низ штекерот, тој ме влечеше во холот.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Слушајте, му реков, вие ме влечете во неволја, а и сами сте свесни за фактот дека сонот и животот се сосема различни нешта.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Арсо живее со книгите. Тие го влечат во непознати светови.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Зошто да кријам, Овидие, бев . . .преплашен. мојот совршен близнак ме чекаше во тесната просторија, во неумоливата соба на Времето, и јас ги чувствував магнетните пипци што ме влечеа во таинствената, заумна одаја.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Граничните народи може да покажат амбигвитетни идентитети затоа што економските, културните и јазични фактори ги влечат во две спротивни 32 нејзините „жители“ јасно се гледа во граничните зони.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Таа желба за скитање се виде кај него уште кога беше малечок, кога ги правеше првите чекори, првото заодување, кога по старите обичаи, при преминување на прагот од куќата за да зашета низ дворот - му ставија разни предмети пред него: чеканче, мистрија, пила, секирче, книга, оглав, стап и други работи за да земе нешто в рака при преминувањето на прагот - за да се види што ќе го влечи во животот кога ќе порасте, на што ќе се определи.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)