влече (гл.) - ист (прид.)

Тоа е нејзиниот прв потег: гледам во нејзината мила насмевка, во задоволството на иронијата, во играта, во фигурите што се вистински слонови и други животинки, мајмуни, војници, коњи.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Четворицата играчи ги симболизираат страните на светот, годишните времиња, магичниот квадрат, а играта е древна, прастара индиска игра, се влечат исти потези, се избегнуваат замките на семиотиката, семантиката, така дише граматиката на чутуранга, а бидејќи секоја игра има свои правила, ред, победници и поразени, болно е сознанието дека токму ние, најблиски по крв и месо, сме тоа: победници и поразени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ги влече иста сила да појдат кон последната средба на животот и смртта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)