влива (гл.) - во (предл.)

Бојот долж реката, која истекувајќи од вирот, откако после километар, два, кај новата железничка станица, ќе се протне под железничката линија, се дели на два крака: со едниот, горе, над Бучало, се влива во Бучинско Блато, а со другиот, кај местото Плазики, во Чепиговското Блато, се пренесе во Беговски Ливади.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
5. Таква е, гледана однадвор, пуста и ненаселена, наваму од крајот на последната Голема војна, односно наваму од принудната колективизација, и нешто потоа, откако ги зафати луѓето емиграцијата, таа самоникната и безимена потковица среде Бакарно Гумно, која, спуштајќи се благо по голите падини на ридиштата, на запад и на југ, сè до мелиорацијата (пред десетина години ја извршија доброволно младински работни бригади; покрај бесплатна исхрана, работничка облека и плускавици на дланките, младинците имаа и задача да ги шират меѓу себе љубовта и братството) се преточува во ливадско земјиште (сега сушно и неплодно) испресечено со мртвици и блата кои, пак, се вливаа во Црна и во кои заедно со стотици видови барски и преселни птици живееше и лошиот дух на маларијата, а на исток и на север, односно на североисток и на северозапад, сѐ до мариовските планини, односно сѐ до Прилеп и сѐ до крушевските планини, во житница и тутунско поле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Поточето што истекувајќи од Кладенец тече низ скалести корита, некогаш дрвени сега претворени во обични вирови, долу, а во рамницата, во бавчите, се влива во Голема Вода и е поило на дивината, добитокот и овците.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Оваа, пак, долу, во бавчите, ја прибира Мала Вода и влечејќи ја низ нивјето, во Торојца, од оваа страна на мостот на железничката линија, во непосредна близина на новата железничка станица, се влива во Алинска Река.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Никој не знаеше да каже одшто му пукнал дувот, но, кажуваа, го нашле на само неколку чекори од кладенецот ничкосан и со главата брцната во браздата што истекувајќи од кладенецот и кршкајќи низ гората, долу, во бавчите, се влива во Голема Вода.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Словаците се горделиви на Вах. Извира во Словачка и пак во Словачка, по 400 километри поминат пат, се влива во Дунав.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Главни извори на вода ќе бидат вештачките акумулции „Камчија“ на реката Луда Камчија и „Јасна Полјана“ на реките Дудина и Церовска, кои се вливаат во Црно Море кај Приморско.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И можеби заради убавите лилии Ропотамо ги забавува своите води бргу да не се вливаат во Црно Море.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Шпре ги врзува многубројните берлински езера, се влива во Северно Море и дотаму е пловна.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Нема патник што не ќе застане над мостот што ја минува реката Ропотамо, која се влива во Црно Море под самиот Созопол.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Низ селото шушуркаат изворчиња каде се полни вода за пиење; но има и такви што не се корисни: извираат под селото и веднаш се вливаат во езерото како да бегаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И пак задушената влага се влива во дробовите и духот е пак потиснат.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во валчестата шуплина на буката1, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во валчестата шуплина на буката, која колку се одеше подолу се стеснуваше по должина од над десетина метра, сега го немаше оној ниеднаш непрекинат заплисок на остриот пад на водата од планинскиот поток, што се вливаше во неа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Марко Марикин прашуваше и секогаш сам одговараше, најмногу тогаш кога ќе предизвикаше љубопитност кај луѓето со кои се здружуваше и кон кои беше братски милослив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Прашуваше со смеа, кога одговараше брчките во бранчиња му бегаа од ушите и се вливаа во краевите на устата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Во шеесетите години на минатиот век во Струга, на брегот на Езерото започнаа да се собираат значајни поети првин од Македонија, па потоа од Југославија и на крајот од сите континенти на чудесни читања песни на мостот на истекот на реката Дрим, која се влива во Јадранското Море, на претставување на славен поет во Катедралната црква Света Софија во Охрид, на средба крај манастирот Свети Наум, на самата граница меѓу Македонија и Албанија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овде, на брегот, пред големата врата на животот, зачнаа и моите големи пријателства со кои мојот живот и пишување добиваа нова смисла во моите спротивставувања на балканизацијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)