вложи (гл.) - напор (имн.)

ДР Германија е наш значаен партнер во надворешната трговска размена и се вложуваат напори таа да се прошири уште повеќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Но, веќе се вложуваат напори овој јужен црноморски брег „да личи на оној на север, на „Златните песоци“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Веќе се вложуваат напори во оваа насока да се преуреди павилјонот.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Меѓутоа, како што вели тој, треба да се вложуваат напори за да се приближат до цената на светскиот пазар, за да не ги пласираат своите производи под цената на чинењето.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Морам да се покријам“ му дојде мислата на која мораше да ѝ се потчини, да вложи напор и да се вовлече под чергите...
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Неговите сугестии биле во правец британскиот политички естаблишмент да вложи напори со што би можело да се спречи тој тренд, бидејќи биле загрозени нивните интереси во Средоземјето, а посебно му сугерирал на Черчил да се договорат со грчкиот крал и на тој начин да се заштитат и обезбедат британските интереси и "грчките животни интереси".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Настаните на военото и политичкото поле на територијата на Југославија се одвивале како на филмска лента.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Маргина 37 43 Секако ова не значи дека филозофијата не вложува напори да ја надмине „метафизичката конструкција“ што Декарт и следбениците така „цврсто“ ја изградија.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, единствената „прецизна“хипотеза што филозофијата ни ја нуди последниве три столетија е всушност строгиот паралелизам меѓу духот и телото.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како што родителот се труди да ги задоволи, колку што е можно, вашите желби, потребно е и вие да вложите напори да ги задоволите желбите на вашите родители што се однесуваат на вас.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)