вложи (гл.) - свој (прид.)

На пример: Кога таткото ќе ги обезбеди издржувањето, статусот и заштитата на семејството, мајката може целосно да ги вложи своите сили во грижата за малото дете.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓутоа, му ветил на Меклин дека тој ќе го вложи својот авторитет да им се стави крај на таквите активности.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Уште повеќе што и неговиот претставник во Македонија, Светозар Вукмановиќ-Темпо, според изјавите на Меклин, на митинзите во Македонија, а посебно во говорот во Белград на Првото заседание на народното ослободување на Србија, недвосмислено истакнал дека Македонија, според сето она што го видел, треба да се обедини, бидејќи тоа го барал народот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но на тој пат Арафат се судираше со владеењето на повеќе властодршци, посебно израелските, како и со владетелите на неколкуте арапски режими.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тоа беше жестока борба во која Арафат го беше вложил својот живот, но и животите на илјадници Палестинци.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Всушност, целта на режимот била да ги трансформира селаните во нова работничка класа на пролетери кои ќе го вложат својот труд за создавањето на најавениот индустриски рај кој ќе овозможи најпосле новиот човек да биде господар и поседувач на природата!
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
За да се донесе едно малечко камче од Месечината, илјадници научници ги вложиле своите знаења, а илјадници работници својот труд.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)