внесе (гл.) - ведрина (имн.)

Напати ѝ се случуваше да поверува дека е во состојба да внесе ведрина и на места низ кои поминува облакот на напнатоста.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Преку ден прозорците ги облепуваше со сонце за да внесе ведрина и расположение во собата.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Но, тоа помага да се челичиш, така, плус внесува ведрина. (...) Општо?
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)