внесе (гл.) - ранет (имн.)

Болничарката го внесе ранетиот во бункерот. Тој захрчи, од устата му истече локва крв и нависна на нејзините раце.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога закрепна во болницата, кога можеше сам да оди, пак умот му појде на гајдата и усните сами од себе му се собираа и свиркаа; свиркаше и кога на болничарот му помагаше да ги внесат ранетите во болницата; свиркаше и кога му помагаше да ги носат на операција; свиркаше и кога ги враќаше од операција; свиркаше и кога некој мртов ќе го вадеа од болницата; свиркаше и кога ранетите исполегнати на дрвените кревети офкаа и се грчеа од болки.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)