внесе (гл.) - тага (имн.)

На прашањето како се момите, што прави дедото, таа мудро одговори дека тие се добро и дека уште подобро ќе им биде, дека тука сме меѓу наши, сполај му на господ што ги врнала тука, а и дедото Диониш вели Ки гу закопаме у наша земја! ама откако го рече тоа, за да не внесе тага во срцето на Петра, или за да не ја зголеми, таа знаеше дека во срцето на Петра има голема и тешка тага, Ејми ко ки умре чувекут с та земја е арна! и се свртува на кај Чана која оти нема кај да седне, туку се подместува наваму натаму, Ако придоуже убаво време да ојме да паламе работа јас, ти, мојта гулема, а?
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)