внесе (гл.) - внатре (прил.)

Постојавме сите за миг молчејќи, а потоа како во тој момент да се сетија на мене, ме внесоа внатре.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Додека нечујно се обидував да правам стомачни, го слушнав казанчето како за последен пат пушта вода пред стапките на тетка ми да се оддалечат во ходникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Истрчаа сестрите и еден болничар и на носилка те внесоа внатре.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се појави некоја сестра, ме внесе внатре.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Кога се завртев, таа влегуваше внатре боса и ја затвораше вратата - чевлите воопшто не ги ни внесе внатре.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Толку пати поминував од таму, таа зркната во мене, ама оти самичка, не се осмелував да ја опитам, ама денеска самата нè запре и нè внесе внатре, вели знам што бараш, те гледам секоја недела како го вртиш комшилукот со девојчето во раце и со ова убаво куче крај себе, ми кажаа што бараш, и така, ти била самичка, си имала една одајка отповеќе, вели дојдете уште од утре!
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
„Да се внесат внатре, во домот, чардаци, а заедно со нив и она што обично се нарекува лице на куќата, тоа е навистина идеја вредна за почит“ беше неговата стручна оценка.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)