вникне (гл.) - во (предл.)

И еден ден, кога тоа најмалку се очекуваше, според мајка, Севишниот ја беше слушнал молитвата, уште од времето кога семејството ја минуваше границата, преку Езерото, па му помоgна на татко ми, вникнат во старо турско-персиско-арапскиот јазик, да ги открие во вакафот на една џамија во Битола кадиските записи, односно сиџили, пишувани на јазикот од пред три века, кој во него ја одржуваше, ширеше, продолжуваше природната еволуција која беше некогаш запрена, особено со крајот на Отоманската Империја.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Помошникот остануваше зачуден гледајќи го Татко вникнат во книгите за јагулите, не можејќи да ја разбере неговата внесеност во нив.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Едо не беше свесен колку добро разбра што му рече Марко, колку длабоко овие зборови вникнаа во него и долго ќе го озрачуваат влијаејќи врз формирањето на неговиот карактер.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Игор Лозински, небаре вникнат во татковите мисли во ноќта на ловот на јагулите, кога рибарите ги десеткуваа на нивното минување од Езерото кон реката, ја прекина тишината: - Јагулата од искона ја следи вечноста на реката, подвижен мост меѓу Езерото и морињата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)