воведе (гл.) - некаков (зам.)

Вокалите се обидуваат да воведат некаков (којзнае каков и кому ли потребен) ред во творечката анархија на една агонија во која времињата заемно се ништат да би да ослободат повеќе место за обичното, дребно постоење.
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таквата визија содржи “негативен” аспект, врзан за “минималистичкиот простор на опстанок”, како и “позитивен” аспект, во кој повторно се воведува некаков тип трансценденција и чувството “дека се почнува од почеток, од нула, вклучувајќи ја тука и реконструкцијата на јазикот и комуницирањето” (Ричард Фалк).
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)