воведе (гл.) - забрана (имн.)

Беше избришано правото на надомест во висина од три просечни бруто плати за непријавените работници, кој работодавачот беше должен да им ги исплати, а рокот да заснова работен однос со овие лица беше намален од 15 на 8 дена и се воведе забрана за работодавачот во наредните три месеци да го намали вкупниот број на вработени, а ако инспекторот на трудот затече до две лица кои работат „на црно“ издава покана за плаќање 47 на глоба до работодавачот во висина од 1.000 ЕУР.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Промените, главно, се сведуваат на следново: а) одредбата која забрануваше работничка од областа на индустријата и градежништвото да може да се распореди на ноќна работа, ако работата во тоа време би ја оневозможила да оствари одмор од најмалку седум часа – во времето меѓу 22,00 часот и 5,00 часот наредниот ден (чл. 71, ЗРО/03 – Пречистен текст) беше заменета со порестриктивна одредба, која сега забранува само вршење на подземни физички работи во рудниците од страна на жени (чл. 160, ЗРО/05); б) кај бременоста дојде до две позитивни промени – се воведе забрана работодавачот да бара какви било податоци за бременоста на работничката, освен ако таа самата не му ги достави заради остварувањето на правата кои ѝ следуваат при бременост (чл. 163, ЗРО/05); а во т.н. постнатален период, односно една година по породувањето, се воведе и посебна дневна платена пауза, од час и половина, за доење на детето од страна на мајката -доилка (чл. 171, ЗРО/05).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)