воведе (гл.) - прашање (имн.)

Мнозина теоретичари се сложиле дека во овие дихотомии постепено е воведуван поимот уживање којшто постепено ги расточувал, кој беше слепа дамка на поранешните сериозни анализи и кој ги воведе прашањата на желба, нагон, фантазија, афективно вложување на набљудувачот итн., и го менуваше тежиштето на критичката анализа од продукцијата кон консумацијата (како поим што го заменува дотогашниот повеќе неутрален: рецепција).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Овие примери даваат само некои од можностите за ангажирање на индивидуите во создавањето / реактивирањето на алтернативните нивоа на акција, и јас сум убеден дека не е можно да се исцрпат можностите за овој вид на интеракција.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Причината за ова се ригидните дистинкции што во критиката на ликовните уметности се воведени под закрила на модернизмот: разликувањето на високото и ниското, културниот песимизам и оптимизам, „апокалиптичарите“ и „интегрира­ните“ (како што тоа го нарекува Еко) итн.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
На пример, можно е да се воведат прашања кои ја охрабруваат индивидуата да го повика скорешното минато и дамнешната историја на настаните кои ги антиципираат тековните последици.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)