вовре (гл.) - во (предл.)

Максим никогаш не бил таму, но од други слушал дека воврен во спилата со отворено очи спиел, а ноќе - саноќ бувта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој се обѕрна горе долу по улиците, се вовре во продавница и ја купи тетратката за два долара и педесет центи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Андон особено сакаше да ја почувствува разликата меѓу двете жени во делот во кој тие беа најжени и затоа сега, кога целосно се вовре во Азра, во нејзината розова устинка меѓу нозете со подбрикнати удинки по страните, не само што не ја штедеше, туку немилосрдно ја плескаше офкајќи од сласт и викајќи необично силно: „Ова е лудница, гарант!“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ми се вовре во грлото, ми се лизна во душникот, ми ги наполни џигерите, ме бутна во вителот, а вителот во вирот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Сега, листот воврен во валјакот не беше празен, на него гледам црни редови во низа, се влечат надолу еден по друг, треперат црно и болскотно, како што треперат ѕвездите на небото.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Погледнав тогаш во машината, и го видов воврен во валјакот белиот лист, со последната реченица напишана на него: „Мислата на бунарот ми стана принудна“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Локомотивата како да удри во нешто таму напред, некоја невидлива сила проструи низ вагоните и луѓето, а долу под нив одеднаш сите тркала под сите вагони не се вртеа туку се лизгаа по железата со страшен писок, кој пак, некако на чуден начин се вовре во испозаспаните низ целата композиција.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Така, уште запетлувајќи си ја кошулата и премислувајќи се дали да ја остави преку панталоните или да ја вовре во нив (првото беше недолично за старите, но поудобно за врелите ноќи, а второто попристојно, но и постегнато за потната снага), Ване влезе во кујната и веднаш забележа дека столот на гостинот - натрапник беше празен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не ни помислувал дека ќерка му со нејзиното момче ќе се засолнат од студот во гаражата, дека ќе се воврат во колата и дека ќе ја остават да работи на мал гас; и дека така затворени, во кола и гаража, ќе се стоплат и ќе се милуваат, додека не ги фатил сонот, оној од кој нема будење.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Станаа какви што ретко можат да се видат во светот: во едната имаше илјадници ситнурии и матракулки: од игли за плетење и крпење до часовници што некогаш имале разноразни задачи: да ѕвонат, да тикараат, да гукаат на ѕидови и да се тресат по мали џепчиња; па потоа конзервички и тенеќиња со шарени обвивки и со натписи што можеш по цел ден да ги читаш и да не ги протолкуваш; шишулиња од разни големини и дебелини, кои можат да се носат воврени во прстите или пак наредени како цевки под мишките; белезички, прстенчиња, ножиња со рокчиња, шарени стомничиња, свирчиња, а потоа: рачки од чадори, поткови, бургивчиња, тркала од колички, панаѓурски штракачиња и што ли не.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го изострува врвот на конецот и прави куси бодежи како со сабја за да го вовре во иглата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)