води (гл.) - право (прил.)

Но од свои причини, Французите не можеа да отстапат, па во еден момент едниот, а по него и другиот, се тргна назад, се фати за ременот од пушката, се вкочени и заповедно им го покажа патот што води право кон Ливаѓе.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
а надвор веќе почнуваат да паѓаат снегулки, ветрот само ги врти во воздухот, ги пушта и ги втасува, одново ги завраќа назад, си игра шукшуле, што се вели, ги развева како цут од дрвја што се кубат, кој ќе пушти глас, ќе го наполни морето, ни викаат и бродот застанува, а ние молчиме ко глувци во дупка, ги слушаме само чекорите озгора, одат над нас небаре на глава да ни газат, и бродот одново тргна, сега можете и да пеете, ни велат, кај се пеело пикнат в дупка, си велиме, отсекаде бучи клокоти, и гледаме надвор, снегот си навева и се топи, се губи во водата, ако запреме во Костанца, ќе нѐ водат во Букурешт, си велиме и приѕираме во ширината што ни ја затвора снегот, и Костанца ја изминуваме, нѐ водат право за СССР, не ни заспала среќата на сите, вели Апостол Макаровски, сите со нечија среќа се шверцуваме, вели, ќе му украдеме уште некој ден на господ, и почнува некој студ да ни влегува низ процепите од бродот што се отвора однадвор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И бидејќи редовите први веќе недостапни беа, најде едни скали Филозофот, скали што водеа право угоре кон небото!
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Потоа, построени и со песна, токму напладне поминувавме по централната улица што води право кон пристаништето, свртувавме десно и, удирајќи строев чекор пред касарната на албанската воена морнарица, последното чекорно удирање го завршувавме под врбата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Еднодушно го одобрија планот сите и веќе секој пајдос и по два пати се враќаа во клозетите со по едно ќесе земја врзано за учкурот од гаќите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Води право во Драгоров над самиот пиш од водениците на Арслановци, та сите ќе попаѓаме во вирот без да се плашиме оти Драгор ќе не однесе.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Три врати однадвор водат право во одделените прегради.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)