впери (гл.) - во (предл.)

Ако сега го погледнам Саботер, би рекол дека сценариото не е без мани.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ме посети неговата жена и ми рече: „Не можам да дозволам мојот маж да игра една таква улога кога очите на целата младина на Америка се вперени во него”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Меѓутоа во кујната, како и обично, беше мајка му седната во својот стол, меѓу масата и шпоретот, со рацете во скутот како мртви риби и истечен поглед кој не можеше да продре и низ најшупливиот ѕид а сепак блудеше вперен во некоја непостоечка иднина.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Кучето тихо цимолеше, со поглед вперен во очите на момчето, поглед што значеше бескрајна приврзаност, безмерно пријателство.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Застанат на малиот чардак од плевната, со поглед вперен во раздвиженото, развиорено белило што го создаваа снегулките, Бојан навистина имаше пред себе ретко убава, просто нестварна слика.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој ѝ го гребеше поработ на здолницата, телото му беше мрзливо истегнато, а жолтозелените очи му беа вперени во неа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Устите им беа полни со големи и гневни, многу значајни и звучни, итри и пламени зборови кои без прекин беа дополнувани со гневно кренати и стегнати тупаници, рацете не им мируваа, туку само се закануваа и со прстот вперен во нас чиниш ни велеа – ТИ и ТИ и ТИ, што чекаш?
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Нинџа со лак и стрела (за тортата на тато) Антерос Полека влечам рацете се опуштени, но грбот затега погледот вперен во целта, раката под брада додека усните не ја бакнат тетивата.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Тогаш, во миговна штама, ми се стори оти соседот во моите очи забележа жар како отвор на цевка од револвер вперен во него.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
На Ивана, со револверот вперен во неговите гради.) Што стоиш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Чекаше, со поглед вперен во сонцето, да испарат солзите заедно со болката која со години ја притискаше како туч.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Долго неподвижно лежеше со поглед вперен во свежо варосаниот таван на кој јасно се познаваа четките на „фушерски“ завршената работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На Рада рацете ѝ затреперија, па мораше сликата со ликот вперен во нејзините очи да ја остави на масата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Седи на клупата и гледа во некоја жена што седи на клупата подалеку од него накај паркот; да е жената поблизу, можеби од страм ќе го отргне погледот од неа и нема вака почесто и подолго да ја гледа, да го држи погледот вперен во неа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Тапанџијата е клекнат пред неа, ја искривил шијата и ја гледа в очи; и свираџијата свирката ја вперил во неа, жилите на образите и вратот ќе му испукаат од напнатост; мевот му е стегнат со појас за да може подобро да дува; челото му е покриено со изналепени пари.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Таа го жулка кучето, го милува држејќи го погледот сè така вперен во Богдана.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
„Тој куршум беше вперен во срцето на нашите чувства, а се распрсна срцето на твојот брат моја Сања,“ ѝ пишуваше Авни на девојката која остана во неговите сеќавања со широко отворени очи во триаголникот што со необично прави линии го формираше шамијата завиена околу нејзината глава.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Од кој било агол да се погледнеше постерот, отворот на цевката од автоматот, зголемен поради скратената перспектива, изгледаше како да е вперен во посматрачот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Луѓето учат да се глуви Мерачот на времето само во тебе е вперен Во некои други Светови по тебе можеби нешто ќе е сменето Порасни, созреј и не сонувај Остави ме мене Вистината погледни ја в очи Живеј ја оваа овдешнина Сите победи се лаги, загубено време – Загубена утрешнина! 2006
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Друго јас немам што да кажам за оваа работа“, рече на крајот Брзакот, ги крена рацете со составени дланки, ги положи на градите и со крената глава, со поглед вперен во таванот, пак почна нечујно да мламушти молитви поради што претседателот на Дисциплинската комисија се смурти.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се свртувам кон Вртанов и го заварувам неговиот вџашен поглед вперен во мене.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Мразите да позирате. Пред објективот вперен во вас како пиштол имате сериозно, по малку мрачно и намуртено лице.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Со одмерени голтежи - пие со очите вперени во синото небо.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во мракот ја наоѓа Циљка. –А ти, Циљка - со лутина го впери во неа прстот - три стражарења преку ред! Разбра!?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Ти, Мито - Јани впери во неа прст - ама ич нејќеш да разбереш дека во тоа твое тркало, што толку многу го спомнуваш, свој дел и тоа најголемиот и најсудбоносниот, има вградено и оваа нова Света Троица...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама пред да го одведат народните одмаздници, пред очи на гладните дечиња му ја заклале козичката, го пратија во Отешево - за казна - камен да крши, со игла да го мери, а јас, будалиот, како што сте вие сега, кои мислите како што мислите, со шмајзерот вперен во неговиот тил, го терав посилно да удира со барјето - 12 кила тешко, и му бранев да гледа долу кон езерскиот брег, каде се мезеше народната власт.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)