врати (гл.) - или (сврз.)

Размислив некое време што да правам: дали да се вратам или да седнам некое време тука затскриен додека човекот не се тргне од дедо Стефан.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Со денови нагаѓавме дали се вратил или не.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Токо, чекај да те прашам: шо вели он, на шо ниет е, татко му шо му рекол од ка се врати или ошче крши жегли? — праша Неда и ја моли Тода да ја поучи како да се држи при оваа прва средба.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Или нека ги вратат или ние не учиме.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Којзнае дали се врати или само се приподигна од лебот, од водата, од алиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И по враќањето во Брно, неколку ноќи размислуваше, се кршеше: да се врати или не.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Веќе не можев да се вратам или да ја одминам, како што ни да и се доближам.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)