враќа (гл.) - таму (прил.)

Секое влегување во оваа соба ѝ одзема по малку од снагата, ја враќа таму од каде вее тага, болка, згасната смеа, недоживеана радост, одмината среќа...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Останаа само вашите колци.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Се враќав таму каде што живеев порано.
„Последниот балкански вампир“ од Дејан Дуковски (1989)
Само оди и само бара, само оди и само бара нешто без свршеток. Се враќам таму.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Се враќа таму. Во права линија оттука е таа планина и во планината народ сосе крошни, сосе ноќви, сосе секири.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Ме пуштаа и до дома во Маказар, да ја видам мајка, и пак се враќав таму во сарајот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Кога медитирам, се враќам таму и го слушам секој удар на ветрот што ја бранува водата.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Тодор зборуваше со Христина за славата кај стрико Ѓорги и кажа дека нема намера да се враќа таму.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Поништен документ.   Се враќаш таму кајшто смеата е изнасилена хуморот црн   а слободата згазена небаре догорче на споредна и слепа улица. 
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)