врви (гл.) - време (имн.)

Така, ете си врви времето, надотекуваат, се пластат годините и паметењето се троши.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во Градешница фрли мерак на убавата Неда Романова, та го натера стариот поп Тодора да го венча горе во ливадите; во Старавина и го слушна гласот на Марија Милетова кога го опљачка Сивета и, кога ја викна да ја суди што одела со Мушон Евреинот од Битола, кој имаше дуќан во Старавина, место да ја осуди, тој се загледа во неа и си ја фати посестримка за тоа село; во Бзовиќ пак се фати свети јован со Петрета Мијаков заради неговата млада Севда; во Вепрчани со Јана Којдова, и така со ред, та и од таа страна си го уреди животецот: да не му врви времето напразно.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ризо Ушков ги прејде преку Црна и во Гудјаково им ги теслими на Ивана Колев и Стевана Војчев, овие му ги предадоа на Димитрија во Вепрчани, кој ги одведе до поп Пана Мицев во Беловодица и за неполни два дена, односно две ноќи, се најдоа во Оревоец, откаде Диме Бачко го извести прилепското раководство на чело со Јордна Стамболџија, Јован Грабула, Алексо Гермовчето и Алекса Бајракот, та дојде и до средба.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И ќе почекаат да си врви времето во кое А3 по едно десет или петнаесет години ќе се истопи.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Но, кога јас настапив со мојата дискусија, внимателно ме следеше и како што врвеше времето, му се гледаше на лицето и во погледот дека полека ја прифаќа мојата теза барем засега да не се градат браните на реката, а со тоа јагулите слободно да си го минуваат патот до морето, океанот и назад.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Имиња, безброј срциња, а во нив иницијали на вљубени. Си врви времето.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Судијата ја извадил кутијата со тутун, свиткал цигара па кутијата му ја подава и на овега и тој цигара да си направи и така им врви времето.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Како што врвеше времето, час по час, така се множеа шумовите и гласовите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)