врви (гл.) - пат (имн.)

Некои подзастануваа, други со наведнати глави го врвеа патот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ќе помислат дека водиш несреќник што не умее самиот да си го врви патот“.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Сѐ уште ретките живи сведоци го паметат тој далечен, кобен чин на омразата, подлоста и неизбришливиот резил, но обессилени од стравот, немо го врват патот долж ’рѓосаната бодликава жица...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Во тишина и молк и со најмала брзина што може да ја развие нашето SAXO го врвиме патот од ’Рби до Кулата - Пероо.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Пред школото врвеше патот, сум го одбележал на картата, широко џаде што доаѓаше од градот Б . преку Црноечката долина и, врвејќи низ Долнец, заминуваше нагоре кон Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Ѝ дојде дури до обравчето, под обетката. И сега ја носиме по еќимки, по бајачки. Ја бараме. Врват патиштата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Често при одење од едно село во друго, за да не му врви патот некорисно и здодевно и за да не задреме на коњот пишуваше разни поднесоци што му требеа за да му бидат готови кога ќе дојде во селото или во градот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)