врви (гл.) - во (предл.)

Ми врват во ешалони низ пареата, ми се привидува и коњестата Толи.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На третата вечер ќе идат наречниците да и одредат на „дуда" пат по кој ќе врви во својот живот. Пак стрина Маловица дојде.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дедо Трајко не знаеше да го цитира Рацин, ама муабетот му врвеше во таа насока кога ќе сакаше да каже дека жолтите отрови, на млади години, не му биле непознати.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Така си врвеше во оваа куќа зимата по еден ред и само една мала случка внесе смут но без да го наруши редот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Ама веќе почна да се замрачува, а некој почна да врви во дворот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)