врви (гл.) - низ (предл.)

Гоце се намурти, ги крена веѓите, го поднамести појасот и се замисли...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Тукушто Гоце се готвеше да излезе незабележан од Битола во мракот, во одајата се втурна еден битолчанец и задишено и вџашено извика: - Целиот град е сардисан!33) Турската војска врви низ градот!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Смрта не е ништо таа е природна, па јас можам да се справам со неа, ама ова горест... ова чудо од измачение на камбаните кои предсмртно биеа во мене сотрувајки ме до последно зрнце... јас не се гледав повеќе себе..... само некоја земска восочна фигура врвеше низ песпатот, тркалајќи се во густиот снег...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Ги гледам како врват низ улицата кристална и сакам да им се придружам но милионскорачниот аудиториум ме фаќа за гуша и ме поттурнува во една споредна улица, во оној каллив сокак - ќорсокак.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
Сега оддалеку гледам како врват низ улицата сребрена, дишејќи го воздухот на бесмртноста, без да ме примат во нивната дружба, на нивните идновековни патувања низ безбројните златни улици, покрај милионскорачните мозочни аудиториуми, во милиони разнобојни глави на планетава.
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
И пак Бонети кога ќе ја видеше каде што врви низ дворот кон црквата клоцајќи го долгото расо со колениците пред себе, пред очите му излегуваше нејзиното голо тело, кое сега, затворено во црнилото, прета како немирно животинче во кафез и сака сѐ да раскине, да се ослободи.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
XXIV Уште од рани зори луѓето во селото почнаа да ги буди лавежот на кучињата и некаков тропот; стануваа од постелата, ги лепеа очите на прозорците, излегуваа на чардаците и гледаа исплашено: колони војници врвеа низ селото; им светкаа шлемовите и оружјето на виделинката од зората; од сите сокаци се точкаа војници, а коњите што влечкаа тешко оружје, опрема, муниција и казани за јадење, врвеа по широкиот пат крај езерото; фрчеа коњите со носевите, збивтаа под теретот, чувствуваа жед и ги вртеа главите кон езерото што на утринското ветре шлапкаше бранчиња на брегот; од војниците избиваше пареа поднаведнати под тежината на ранците и оружјето; кучињата непрестајно лаеја и напињаа на синџирите да ги скинат; оние што беа пуштени, се втурнуваа кон војниците, но кога ќе добиеја клоца, ќе сквичеа, се тргаа настрана и продолжуваа да лаат.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Постоја така загледан со полна уста. учителот продолжи: - Сѐ што врвело низ историјата, му врвело и на селово преку глава: едни го заземале, други го преземале; едни го опустошувале, други го обновувале; едни го молитувале, други го проколнувале; едни го утврдувале за да останат вечно во него, други гледале што побргу да го напуштат; на едни им било засолниште, дом, на други гроб.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Чекорам по нечии стапки што се втиснале по маказарските патеки и врват низ времето.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ноќта врвеше натаму, а јас седнат на масата зад машината за пишување, сеќавав како само нејасни мисли ми врват низ главата, како парки магла кои се тегнат по долината над малото езеро под Лерна и потоа исчезнуваат, и на нивно место доаѓаат нови, сѐ додека дувне ветрот и не ги истера од грлото на котлината.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На, тате. (Седнува покрај татка си. Симка, со ѓумови во рацете, врви низ собата и излегува во дворот по вода).
„Печалбари“ од Антон Панов (1936)
Со залепен фустан на нозете, јас се оддалечив, а потоа сама, по оној пат со расцутените бозје, и преку потокот што врвеше низ ситната песок, се вратив дома.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Пред школото врвеше патот, сум го одбележал на картата, широко џаде што доаѓаше од градот Б . преку Црноечката долина и, врвејќи низ Долнец, заминуваше нагоре кон Стрелеско.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Знаев едно патче што врви низ мочуриштето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Чкрипаат резињата, квичат, како елмаз кога сече стакло, и сето тоа врви низ тебе.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ ми врви низ главата, ништо не ми застанува.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Врвам низ автобусот и казнувам.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само малку душичка му врви низ устата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сѐ така ми врви низ главата, а тој стои над мене.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Му рече ли лош збор - полош ќе ти врати; црната: ниту сака да те сретне, ниту сака да разговара со тебе; пред очите му е темно; сѐ на светот му е виновно; мудри се, знаат многу, со очи, со поглед можат да дознаат сѐ: кој си, што си, колку тежиш и што сакаш да речеш; во разговор со нив секогаш чувствуваш: меѓу тебе и нив голема далечина; не се напрегаат сѐ да чујат и разберат; на проклетството и на болот му робуваат; лилавата (јоргованлијата); постојано си потпевнуваат во себе или гласно: и во одење, и во работа и во кревет; во устата, на ушето или во малото џепче од палтото носат цветче - за салтанет; на секоја веселба први запoчнуваат да пеат; што било вчера, што било денеска, што ќе биде утре - не ги интересира; кога смируваат скарани, не сакаат многу муабети; на скараните ќе им речат: ајде чукнете се со чашките, оти главата ќе ви ја чукнеме; те фалат, те гушкаат, но сето тоа го прават без мерка; последни од кафеаната се прибираат дома; сивата: многу пребираат, џимрии во јадење, во купување, во облекување; надвор ако врне - продолжуваат по цел ден да спијат; од добиток не држат ништо, или сосем малку; за сѐ, па дури и нешто на милост да речат - колнат; клетвите им се помошни зборови со кои полесно се изразуваат; повеќето се тенкоусти, палени на збор, на јазик; кога е студено - мајката на господа му ја караат, кога е жешко - исто така; на гости, по свадби, од иста чаша или сафа не пијат; дома на прагот од куќата те пречекуваат држејќи ја вратата недоотворена; очите секогаш им се готови да те погледат напоречки, да те мунѕосаат; портокаловата: лични луѓе, секој сака од нивната куќа невеста да земе; кога врват девојките и невестите низ селото - како сонце да врви, сè пука на нив од здравотија, од личнотија; коњ аздисан скротуваат, пукнуваат; таа убавина, таа здрава јатка во нив ги држи до триесеттата година; по неа - одеднаш како зрел плод се што не може многу да држи, свенува, се олошува, се распаѓа; од никого лош збор не се слуша; благи и кротки и во очите и во лицето и во зборот; старичките чисто-пречисто се носат, мирисаат на мискинсапун, на калофер, но не доживуваат длабока старост; прават куќи понастрана од другите, истакнати, видливи; добиците им врват низ посебен влез за во кералот, не низ дворот да им го балегат и гнасат; кога крштеваат дете, врват низ селото како кралска процесија, како крал да се крунисува; ако седиш со нив, имаат моќ да те маѓепсаат, да те стават под влијание, да те владеат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кога врвеа низ селото, луѓето гледаа зачудено во Скрез и го прашуваа: „Што е, докторе, што ти станало?“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Благословено е делото на Јуда Макаби, врви низ главата на Елеазар бен Цви повторената бенедикција за Макавеецот, зашто Господ прави чудо и менората со она малку масло наместо само еден, гори цели осум денови и го осветлува и осветува Домот на Севишниот и Единствениот бог на кој одново му се принесуваат жртвите во Хамизбеах.  Раби Елеазар бен Цви не гледа веќе прикази.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Не се обидував да видам во моите мисли како лежи едвај подвижен, не сакав да слушнам како последните капки сила го принудуваат да вдишува и издишува, не сакав да знам ни што му врвело низ мислите во тие мигови – дали го мачела помислата на сестрите кои постојано се јавувале во неговиот дом и молеле да се најде начин да ја напуштат Виена, дали имал грижа на совеста од претпоставувањето дека во логорите на смртта ќе ги приберат и нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Не се обидував да ги замислам последните мигови од неговиот живот, доволно ми беше што дознав дека е мртов, дека е смирен, без телесна болка, без душевна јанѕа, затоа што сигурно на оној свет душата се ослободува од сите тегобности и самообвинувања.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ја гледал, ја меркал откришум кога врвела низ селото, одел зад неа, одел отстрана, го гледал секој дел на нејзиното тело, ја вагал со очите како купувач кога купува добиче и се двоумел.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога ќе врвеше низ дворот, или кога ќе одеше по патот во полето на работа, ја гмечеше бесно секоја бубачка што ќе ѝ излезеше пред нозете.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)