врви (гл.) - со (предл.)

V Танаил каменоделкачот, работејќи долги години на својот занает, ги познаваше камењата во детали, на секој камен што го обработуваше му ја знаеше душата; ќе го пофатеше, ќе го испревртеше со рацете или со лостот, ќе го потчукнеше со чеканот неколку пати од сите страни, како железничарот што ги проверува тркалата на возот дали се пукнати, и ќе узнаеше какво му е срцето: здраво или не; ќе му биде ли верен до крајот на обработката или ќе му откаже на полпат; ретко му се случуваше да се излаже, да го делка некој камен, да го дотерува, да го обликува со денови, со недели, а често и со месеци - и на крајот да му пукне, да му расипе сѐ; а кога ќе му се случеше понекогаш тоа, - Танаил го фрлаше чеканот и глетото и налутено седнуваше крај каменот, неверувајќи дека навистина му откажал, распукал; врвеше со прстот преку пукнатината како преку рана, како преку болка; стоеше така долго време загледан во пукнатината и сиот ифрит, јад, не земаше веднаш друг камен да работи; ќе испушеше цигара, ќе се напиеше чашка-две ракија, и откако ќе му поминеше маката и лутината, започнуваше да одбира друг камен вртејќи го долго време пред да го направи првиот удар со чеканот и глетото на него.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Летото врвеше со своите горештини, со своите сливи, круши, јаболки, кајсии, грозје и царевка и наближи есента.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Еднаш му ја искинала гуната на поп Трајка кога се враќал од гробишта дома, другпат го укасала Црневото дете, трет — ја исплашила Улевата невеста и; сиромашката, си фрлила машко дете од шест месеци; та дури и панталоните на ќатипот му ги „закрпила" кога врвеле со Колобана крај Сукаловата мала врата да се прошетаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Наоѓајќи се очи в очи со смртта, му навираат зборовите од дедо му Аврам: „Животот е ткаење килим” врвиш со сновалката низ него, редиш јаток по јаток, конец по конец, јазол по јазол, шарка по шарка и не му го гледаш лицето зашто го ткаеш од опачина...
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Врви со раката, ја брише прашината од нив, дува како да одувува магла легната на минатото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)