вреди (гл.) - ли (чест.)

Вреди ли уште да пребарувам по тоа што сум го пишувал или да останам рамнодушен на провокациите, кои бездруго беа поврзани како во верижно коло со други, трети прашања, кои неизоставно ќе ми бидат поставени во текот на патувањето.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
- Па кажи ми, - праша Томо - вредеше ли да се потрошат толку денови? - Вредеше и тоа како! - одговори Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
„- Но, да видиме вредам ли уште за што и да е?“ – рече смеејќи се... Седна. Сите станаа на нога.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)