вреже (гл.) - во (предл.)

Вечерва, посилно од секогаш, со болка почувствува дека среќата не е надвор, вон оној круг од печати што му ги врезаа во душата оние што ги остави; од кои побегна сурово, лекомислено.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Господе, уште еден сон длабоко ми се врежува во потсвеста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Димензиите на остварената погрешна идеја, на мамутската глупост, беа морничаво врежани во пејзажот, како една од можните варијанти на апсурдот откриен во сините медитерански простори од Албер Ками во неговата филозофија.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Од Зефир, создаден од Елохим, „духот над духовите обликувал 22 букви и ги врежал во каменот“; тие 22 букви се подлога за: трите мајчински букви, седумте двојни и дванаесетте едноставни букви. Од нив се гради целиот свет.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Таа слика длабоко се врежа во мене затоа што често, многу често го допирав увото до устинката на школката.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Имињата на нејзините деца што ги прочитала во весникот и кои останале сираци длабоко ѝ се врежале во срцето.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Посебно му се врежаа во сеќавањето зборовите „токму толкав број страници“.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
А, смеата, предмет и проекција на идиотизмот во уметноста, одговара најдобро на овие барања: природен и непотчинлив израз на животот, врежан во мигот, не оставајќи друга трага освен споменот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Годините што изминаа длабоко го врежаа во прстот на Крстовица прстенот што секогаш остана чист.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
- Толкунѕаво гршче пченичка собрав од класја што ги колваа врапците по стрништето... - Ја украде! - ѝ викна Василопулос.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Василопулос ја фрли цигарата на подот, ја изгази со тешката чизма, и испуштајќи го чадот низ нос, рече со зарипнат глас: - Значи, почнаа и кражбите... - и, одејќи кон Крстовица ја праша – Што имаш во торбата?
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Ќе из’ртеше зрното по првиот дожд, а јас само гршче, само толкунѕаво шепиче...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Битола, Прилеп и Македонија, останаа длабоко врежани во свеста на творците на нова, проевропска Турција.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Без свеќа и без крст и име врежано во камен, а имињата најмногу им се живи во споменот и болката на роднините и запишани се во тефтерите кои на архивските полици ката ден ги гризе прашина.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Некои, пак, толку длабоко се врежуваат во паметењето, што до умирачка се паметат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Знаците, врежани во камената грамада, со текот на времето исчезнуваа, од нив се ослободуваше историјата, сведочеше минливоста.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Овие последни зборови - пораки на Игор Лозински, силно се врежаа во сеќавањето на Татко и Цветана Горски.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Еќрем–беј Влора, ќе се вреже во мајкиното сеќавање како прекрасен човек надарен со незапирлива добрина, љубов, но и смисла за хумор.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Засекогаш на Мајка ѝ се врежале во сеќавањето носталгичните погледи на овие жени.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Малата Ервехе занесено слушала. Многу вистини засекогаш ќе ѝ се врежат во младата душа.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Без оглед на тоа што значи дом за вас, тој секогаш е врежан во сеќавањата и се користат разни технологии за да се сочуваат овие мемории и со тоа врската со дома.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)