врзе (гл.) - сноп (имн.)

Чорбаџиите си и врзаа снопјето големи, ќе му пуштат од 3—4. а ние сиромасите и тиа шо се по десетина, кое за јажичка, кое од самотиа, сирочиња и врзаме малечки та ни од 13—14 не пушчаат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Дамче се врати кон своите, им рече дека прекршила ужина и дека треба да почнат да собираат полози и да врзуваат снопје.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Богдан ги врзува снопјето со 'ржаница, ги реди на крсници и со ракавите ја бриши потта од челото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)