врзе (гл.) - јако (прил.)

На вторио кажал за царицата оти е продало зајак и је удрило муур на бутот.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Дури викале народот така: „лага е, лага е“, момчето беше засукало ракајте од обете раце, та како да црпеше жито одземи и клаваше на вреќа, така му 'и црпеше збороите од народот што 'и велеле: „Лага е, лага е“ и со голема брзина 'и клавал во вреќата и штом беа замолчиле народот, беше ја зашил вреќата и беше ја врзал јако, та ја остаил едната.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ха, сега дури те гостив, си рекол со умот чоекот, оти коа ќе те врзам јако, за да видиш кој е појунак!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Ајде нека ти е честита и вековита!
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)