врти (гл.) - лист (имн.)

Коле станува, нишнува со вратот за да го разлабави и размрда, па со палец ги врти лисјата, барајќи го почетокот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Ги вртам листовите и покажувам на некои празни места што ми стојат за сомневање. На белините.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Го вртеше листот и од едната и од другата страна, па споредуваше нешто.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)