врти (гл.) - стар (прид.)

Поднаучи Мехмед паша многу за историјата на градов: сам бараше, читаше и вртеше стари ракописи што ги порачуваше дури од Цариград: беше и еден од малкуте Турци што не беа докрај опијанети од славата на полумесечината: и кој знаеше дека и пред нив овде имало не само живи, туку и славни.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Забрзано го вртеше стариот рачен телефон, во очекување на директна врска со надлежниот од Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се враќаат обезбедомените за да се одомат, се збираат растурените, се пребројуваат, чекаат, се надеваат, долекуваат рани, доболедуваат болки, вртат стари фотографии, се присетуваат, намнисуваат, спомнуваат.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)