врти (гл.) - наоколу (прил.)

Реков веќе дека редовно одев таму, вртев наоколу во местото, се вѕирав лево и десно, но немав храброст да погледнам на дното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Па уште толку да сме, не би можело наполно да заведеме ред: едни внатре продаваат, а други како кучиња пазиме пред вратата или вртиме наоколу и мавтаме со клоци по оние „бузовци“ што се вртат крај колибите преправајќи се дека нешто загубиле или пак се бунат дека се излагани.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Тогаш кога Симон ми зборуваше за стрелањето што го извршил Борко и дека тој го потопил Долнец, не заради некаква полза за земјоделието и за напредок на земјата, туку за да се спаси ако може себе си од тешкиот товар на злосторот, да го скрие и да оневозможи тој злостор да излезе на видело, во тие моменти на повреденост и изгубеност кога се вртев наоколу и по својата глава барав со кого би можела да зборувам, до телефонот го забележав името и бројот на Владе историчарот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
- Кога дошол? - прашува Бојан и се врти наоколу.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)