всели (гл.) - во (предл.)

Стравот се всели во сите наши детства.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, уште кога, по големата преселба од западниот брег на крајезерскиот град, запревме крај брегот на оваа брза река, се вселивме во една стара напуштена беговска куќа што ја милуваа сенките на четири мамутски тополи, извишени помеѓу Дрвениот мост и старата Женска гимназија, која подоцна го доби името на Јосип Броз Тито па по последниот катастрофален земјотрес, сета растресена, беше урната иако можеше да биде спасена, и на нејзиното место беше изградено троделно здание, што потсетуваше на пагода, во кое беше сместен Централниот комитет на Комунистичката партија, сѐ до нејзиниот пад.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
I Уште кога се населивме крај реката, Калето ги плени нашите погледи и се всели во нашите души.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Пиерот: Да, мил Разбојник (Пиерот се поткренува од полуклекнатата позиција, а очите му засветкаа со одреден сјај типичен за одблесокот што го прават најновите лосиони за коса “Parmino Dule and sons”), веруваш ли во среќата што повторно се вселува во душата на до вчера разнебитениот егејски Маусдонец?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Снегот, неначнатата тишина наоколу, спокојот што тишината го вселува в душа, сето тоа веќе не можеше да постои во мислите, во чувствата на Бојан.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
И студот што се беше вселил во колибата кажуваше дека поминала една студена, ведра ноќ. Ведра, што се однесува до небото.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој беше почеток на една нова радост што се всели во срцето на момчето.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
А пак бидејќи имаше лош карактер, и бидејќи беше себичен, си и гледаше само себе а за другите не му беше гајле реши уште истиот ден да го напушти својот стан под ќерамидата и да се всели во станот од ластовиците.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Со доаѓањето на есента сивило се вселува во нивните детски срца.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Немаше ниту една година откако се вселивме во овој убав, нов стан и сѐ светеше во него од грижливите работливи раце на мама.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Една девојка, додека се обидува да заспие, го слуша ветерот, и ѝ се чини дека тој, а не нешто длабоко во неа, цвили, и помислува – “Колку тажно, колку болно цвили ветерот”, го слуша ветерот и останува глува за својот внатрешен цвилеж, не погледнува што е тоа што цвили во неа, затоа што некогаш таа вслушаност во сопственото цвилење болела како нешто да откорнуваат од неа, и затоа сега го слуша ветерот, слуша како ветерот цвили од болка. .
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но, има луѓе на кои нивното чувство или мисла им бега и се вселува во некој друг, во нешто друго; или можеби, некогаш одамна, научиле дека помалку ќе боли доколку дел од своето Јас, оној дел кој чувствува нешто, се префрли во нешто друго, наместо да остане во нив.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Останал истиот и без мене овие седум години.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Стоев во претсобјето, мирисот беше ист како и пред да заминам, оној мирис кој го донесовме со себе кога се вселивме во тој дом кога имав единаесет години, и кој остануваше непроменет и откако Зигмунд се отсели кога имав дваесет и една година, и откако се мажеа и од домот заминуваа моите сестри, и по заминувањето од дома на брат ми Александар, тој мирис на нашиот дом остана ист и откако умре татко кога имав триесет и четири години, една година пред да заминам за Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во прво време зборуваа малку, но потоа, како што растеше бебето, подзаборавија колку си беа лути еден на друг и радоста повторно се всели во нивните животи.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Олга Наумовска оваа книжевна работа си ја сработи, со сите тематски разнородности, со сите поетски регулативи, со сите верувања дека ќе се всели во очите и душата на читачот за кој и е наменета оваа мошне интересна поетска стихозбирка, неверојатно искрено, со јасни слики на вистината, онака како што кажува погледот, како што зборува срцето и како што реагира душата.
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Нешто меко скокотливо и пријатно му се вселува во телото и овој чуден сок - ракијата го смирува и здобрува со луѓето.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Само еден ден или само два дена уште, само два дена! Потоа иде победа и спокој ќе се всели во замореното тело. И среќа.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Она претчувство за тоа што претстои пак се всели во него.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Но кога наполно ја изгради и кога требаше да се всели во неа, да го мине во неа остатокот од животот, качаците го уценија да плати големи пари.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Кон крајот на октомври Рада се всели во студентскиот дом "Гоце Делчев" на тринаесеттиот кат во собата 1303.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Таа пролет ѓаволот заседна, се всели во куќата на Ружа и Младен.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кон крајот на декември минатата година се вселив во својот привремен мидлтаунски стан и веднаш нарачав cable.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повторно почнав со часови да го испитувам секој дел на ѕидиштето, тоа студенило што се всели во Кејтеновиот син и моето срце.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Од тој ден животот во домот сосема ми се промени, ме напушти толку заканувачкиот страв што беше вселен во секое катче во домот, повторно можев да мислам на Сентерлевиот рид, на оној рид од каде што се раѓа сонцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Но беше изненадена, кога за прв пат откако се вселивме во куќата крај реката, го виде Татко неспан цела ноќ, со книгите и неговиот нов пријател по книга Климент Камилски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како што раскажуваше Дејан, колега на Александар и најстар вработен во секретаријатот, работата била готова за тенисерите да се вселат во зградата.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
И велам: Нека долетаат сите орли За да им го отсликам Сродството со каменот За да им истечат очите во каменот И каменот да им се всели во утробата Како нивна рожба Како статуа неподвижна.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Инаку, сестра ми Фелон и зетот Џеф Колби деновиве влегуваат во нов џоинт венчр (отвораат продавница за сапуни и чаеви), а патем од хоби се вселуваат во семејната резиденција на Партизанс Булевард на местото на нашите родители Блејк и Кристл, коишто отсега ќе живеат во новиот апартмент во Карпош Сити.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Пази пример: пред нешто повеќе од два века Томас Џеферсон ја срочил Декларацијата на независноста тргнувајќи од тезата дека сите луѓе се еднакви - по што се вселил во Белата куќа со своите 12 црни роба.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Уште при последната преселба, кога се вселивме во оваа куќа крај реката, Татко реши своите книги да ги смести во малото одајче крај чардакот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Гладот повторно се всели во сиромашни­те семејства, а малку имаше кои не беа такви.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Стравот се всели во нашите кревки души.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
XVI И тројцата пријатели во тмурната балканска ноќ го споделуваа заедничкиот утописки сон: што ќе се случи со јагулите, кутрите јагули, ако сталинизмот вистински ги допре бреговите на Езерото, ако се всели во душите на луѓето?
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Останува само птицата да тажи за седелото свое и оваа празнина што сака да ни се всели во виделото.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
СОЊА: Се всели во твојот стан пред година дена. БОРИС: И? СОЊА: Ете. БОРИС: Уште е тука? СОЊА: Спие.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Беа полни со смеа, со дружења и со разговори, и уште на сето згора оние очи на Мартин кој одвај го познавав, а веќе ми се всели во мислите, тие очи, токму такви како сините очи на мојот идол артистот Леонардо ди Каприо!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако останев во градот, ми се укажуваше шанса Мартин подобро да го запознаам и почесто да се дружиме.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Со доаѓањето на есента сивило се вселува во нивните детски срца.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)