вселува (гл.) - во (предл.)

Заминуваш. Пред да се појави светлината насетуваш и чувствуваш некоја неодолима не-човечка топлина се вселува во светот во којшто сѐ уште живееш и ти.  Потем светлината сама ти ги отвора очите.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
И настојчивиот ритам на ова ноќно светулкање се вселуваше во душата на Арсо.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Тој не зеде никаков удел во матните работи кога се случуваа немилосрдните и користољубиви конфискации и национализации коишто одеа до бесмисленост, кога неговите колеги се вселуваа во куќите на богатите присвојувајќи ја покуќнината и сѐ што ќе стигнеа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
И како дете што со млекото на мајката Го вселува во себе и законот на чемерот и болот Така во коренот некои жива маѓија го оплодува летото: Црни и златни рани ископани во глава на ангел Од праискони кружат крај тие сончеви реки А сонце нема и лека нема: Се крши стеблото И паѓа сенката Скитникот сам што си ја фрла за да почине во неа.
„Камена“ од Анте Поповски (1972)