втурне (гл.) - назад (прил.)

Еден наш познаник, студент на Воената Медицинска Академија кој присуствуваше при тоа, изјави дека нема да успеат, да ме втурнат назад.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Точно ли е дека Христина, како што ми раскажаа, вашето девојче, било само во станот, во моментот на земјотресот и истрчувајќи на скалите, ризикувајќи да го загуби животот се втурнала назад во станот и бестрашно го спасила и своето двегодишно сестриче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Овде тато повторно се налути - божем, тоа уште не може да се нарече раѓање, тоа уште не е човек туку е половина ембрион и дека е потребно или да се втурне назад, или да се смести во инкубатор.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)