гази (гл.) - внимателно (прил.)

Важно беше да се продолжи да се гази внимателно и да не се заздишува и да се остане присебен.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Нема, нема, па ќе отпочат битка со некоја настинка.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Газеа внимателно како да се прикрадуваат кон нешто зашто сепак не беа сигурни дека овој татнеж е она за што тие се досетуваа.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Куќата се тресеше кога тој слегуваше од катот, ама тој ден никој не му го слушна чекорот, не дека од страв човекот газеше внимателно, туку само затоа зашто лелекот по убиената Пинговица го надвишуваше и бозелот во дворот а не само нашите исплашени очи.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Тогаш газат внимателно и многу внимаваат да не кивнат баш кога се на некој од висечките мостови на времето.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)