гине (гл.) - за (предл.)

Некои гинат за идеал други за себе и свој капитал сите се деца на една мајка но некое од нив на улица талка
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И така мајкините и бабините најсакани гинеле за славата на Грција и вределе за Грција само тогаш, кога знаеле да пукаат, да убиваат други, да отстојуваат, со својата крв да ја величаат Грција.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И поглед ти вистина мачен видел ли друга милина, као Орце бунтовен, мрачен, што гине за светлина?
„Песни“ од Коле Неделковски (1941)
- Ние ќе му фрлиме и 10 евра ако треба само нека гине за нас - рече режисерот Дулитл и се почеша за носот.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во овој момент кога луѓето гинат за татковината, вие мирно ги поправате своите кариеси и изјавувате дека крв не ве интересира?!
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)