гледа (гл.) - никаков (прид.)

По рекацијата на Тито, мајорот Дикинсон и неговите луѓе примиле извинување, но им било ставено на знаење дека партизаните не гледаат никаква потреба од продолжување на нивното присуство во Македонија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едноставно не гледав никаква можност да живеам од тоа што го работев и што ме интересираше.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ваквото нејзино однесување во најмала рака ми се чинеше чудно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сонуваше: некој му го поткопува ѕидот од куќата откај патот и му става експлозив да го руши; истрчува Бандо со пушката надвор, вика по тие невидливи минери во мракот, пали фенер, ја бара дупката со експлозивот; никаква дупка и никаков експлозив нема, но го слуша фитилот кој шишти, кај што гори, му оди по шиштежот, го бара, никаков фитил не може да најде; врти околу куќата и го слуша ветерот што шумоли во сувите трски; легнува повторно да спие, но токму тогаш силна експлозија екнува и ја руши куќата; скокнува Бандо од постелата, стрчнува низ одајата, излегува надвор, но гледа никаква експлозија нема, никакво рушење на куќата; гледа езерото се нишка полека, мирно, гледа месечината прпелка во него како риба, превртувајќи се на мев; селото е глуво, заспано; само од далечина одвреме-навреме се слуша некој посилен пукот од фронтот.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А Боге се чудеше каков генерал е тој, кога зад него не гледа никаква војска.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Катерина изгледа сепак со право забележа дека ние веќе подолго време имаме зборно место и дека таа не гледа никаква опасност од загубување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Служењето војска за регрутот, особено ако е со здрав разум, каков што беше Едо Бранов, е мачна и понижувачка работа, принуден за целосно потчинување на нешто во што не гледаш никаква смисла.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)