гледа (гл.) - убав (прид.)

Не, не е како другите Богдановото девојче. Залудно Петре пребрзува. Таа не го гледа убавиот и не ја бара неговата рака.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Од терасата на хотелот „Дуна“ се восхитував од убавините на тврдината на аласите и на Кралскиот дворец, во кој е сместена националната Уметничка галерија на Унгарија, уживав во ладните пијачки и, навикнат на секој чекор во Будимпешта да гледам убав, млад свет, не ме зарадува глетката на терасата која, буквално, беше окупирана од старици, облечени во шарени алишта, та дури смешни, и помислив - остарела Будимпешта.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)