голта (гл.) - ја (зам.)

Некако ја држев тешката стомна. Со мака голтајќи ја лепливоста на надојдената возбуда, сакав нешто да кажам и го кажав најглупавото: Сандре Самарија ќе се обеси, реков, ако не ме разјаде оган однатре.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Молкум ми ја подаде стомната загледана во мене како да сум игла низ која треба да се спровре конец и со која треба да се закрпат сите пукнатини на животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Писмото го започна, претходно голтајќи ја кнедлата која му стоеше во грлото.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
- Со кого? голтајќи ја плуканицата прашав. - Со мајка му на Исуса. Обесвестен е. Деца не пуштаат.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)