готви (гл.) - и (сврз.)

Комитетите велат оти се готвеше и стана општо македонско востание од сите македонски народности заедно, а не само од „Бугарите”.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Во акчилниците пак нудат многубројни јадења, кои пред самиот муштерија се готват и се сервираат.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И на Manhattan се готви и во New Jersey. Прекипува...
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Ратка веќе почна да готви и по нешто и да снабдува од маказаречките продавници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Видела што ми се готви и станала да ме брани.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Таа јаде и коментира колку е фантастично јадењето, како досега не пробала такво нешто, како тој феноменално готви и како тоа е толку извонреден квалитет кај еден маж.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ѓорѓија забележа дека дури готвеа таа постојано зборуваше и како што го правеше тоа граматичките конструкции сѐ почесто и почесто ги грешеше, но тоа како воопшто да не ја сопираше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си џивкаа, се кошкаа, креваа по малку прашинка.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Гледај го ти, малечково! Да не се готвиш и филозоф да станеш? Виртуоз и филозоф.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Се надвикувавме како врапчињата под грмушката отаде патеката.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Мојот маж беше изнајмил жена којашто готвеше и суредуваше по куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На децата прилично им се допаѓаше па ја задржавме. Беше одлична готвачка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Беше речиси слепа, но и покрај тоа работеше извонредно. На мажот ми внимаваше како да ѝ е син.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Јас се посветив да организирам чести и скапи вечери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)