грее (гл.) - сонце (имн.)

Пјештани тонеше во магла и така, во вакви дни, вели Вангел Поповски, ракводител на Бетон на градилиштето на Купелни Остров, градот се преоблекува во поинакво руво, различно од тоа кога грее сонце и кога нема магла.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се разбира, Кавала не може да се разгледа за едно претпладне, или за еден ден, само додека грее сонцето, затоа што таа не е мал град.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Татковино, мислеше или говореше, ќе ти ги измиеме раните од војната, и за нашиот човек сега грее сонцето.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Убаво утро. За прв пат по толку време грее сонце.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Затоплена од крупната снага на Вангела, Милка се пресели во еден убав сон негде сосема на друго место каде што грее сонце и подувнува ветре, ветрето ѝ го развева нејзиното прво фустанче.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
На таквите луѓе ни на ум не им паѓа колку се ништожни, штетни, напротив, живеат со надеж дека тие се оние заради кои сѐ уште грее сонцето. Меѓутоа, имаше и светли мигови во срцето на другарката Оливера Срезоска.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Сонцето и онака пак ќе си изгрева на исток И пак ќе заоѓа на запад што не значи дека и на запад Нѐ грее сонцето додека туристите чекаат Да го уловат во своите камери залезот За кој однапред знаат дека е волшебен и незаборавен Пред зајдисонце на запад катаден луѓето стануваат имуни На романтични воздишки и нежности од каков било вид Воопшто на запад многу е распространето мислењето Дека љубовта и сите воздишки се обична измислица И дека живеачката во целост ја движат пазарните односи Затоа на запад има сѐ повеќе жени кои не знаат да се бакнуваат Ај што не знаат да се бакнуваат ама не знаат ни да готват А тоа веќе директно се одразува врз квалитетот на сонувањето Зашто во рестораните за брза храна не се крепи здраво сонување И понекогаш е поарно да си гладен и барем со време да си знаеш
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Можеби дури и не знаеше дека може да се живее поинаку или дека, ако се живее поинаку, помалку би се чувствувала тежината на чемреењето и тагата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никогаш не застануваше, ниту се обѕрнуваше за да види што се случило на улицата, без оглед колку многу тоа го привлекуваше вниманието на другите луѓе, а ако понекогаш одненадеж го фатеше пороен дожд, си го продолжуваше патот со рамномерен чекор небаре грее сонце.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
На гроб Овде речиси и не грее сонце и дува некој тажен ветер (и снегот многу побавно се топи отколку, да речеме, во луна-парк) и доколку го следиме пламенот на свеќите ќе заклучиме дека ветерот дува од повеќе страни истовремено.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)