греши (гл.) - во (предл.)

- Како ќе му кажам, ќе си рече каков агроном сум да грешам во тоа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Овдека, во Лазарополска црква, во која Ѓурчин бил насликан како јава на коњ, се чувала Ѓурчиновата сабја (лекувала од уплав, им ги олеснувала тешкотиите на родилките и тешкотиите при умирањето на оние кои грешеле во животот) и книгата, во ракопис, што сам тој, Ѓурчин, ја напишал за себе и за својот живот, а во која ги споменувал и нив, жителите на Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Двапати, доколку Марко Проказник не грешеше во броењето, чашата му паѓаше од рака.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)