грицка (гл.) - семка (имн.)

Многу се таквите што сакат да седат во публика, да грицкаат семки и да чекаат голови. А треба да се трча. Да се трча!
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Младоста ја минувате на корзо грицкајќи семки. Не читате ништо потешко од стрипови за гусари.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
За време на кино проекциите во салите масовно се грицкало семки и слични нешта, а лушпите ги плукале пред нозете или во тилот на оние што седеле пред нив, се разбира, ако за истите не располагале со податоци кои ги откриваат како активни членови на боксерски клуб со назив „Младост“ или на борачки со назив „Балканец“.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Никој не грицка семки и не плука по подот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Тие не постоеја за него. Лежеше. Се одмараше. Грицкаше семки и - се здодеваше...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)