грми (гл.) - топ (имн.)

И не се излага Тренков. Навистина, тие топовски грмежи идеа од Крушево, и навистина Никола Карев со своите другари се расправаше со агите, но не да ги избрка, но сега ја бранеше победата и првата македонска република од турските сили кои донесоа и топови за да ја урнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Уште во таа мугра пресна што би рекол Рацин, ќе викнеа да грмат топови.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Дури едно време по полноќ можеа да се забележат и секавици, кога грмеа топовите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)