губи (гл.) - ја (зам.)

Знаеше сега дека тоа нивно колебање не доаѓа од чекорењето, туку дека таа игра се создава од чудната случајност на згуснувањето на роевите своеглави снежинки, а неговиот поглед, често губејќи ја својата цел, просто го проголтнуваше целиот тој матеж таму, мачејќи се да го улови секое нивно прострелкување, секое матно просенување низ снежните преспи.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Со метлата прават ѓубре, наместо да метат! (Од сламката од лутина, не може, и не сака да го види Томче, кој веќе стои близу до него уплашено и молбено свиткан и одвај се осмелува пак да го ослови.)
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Губејќи ја својата делегирана моќ, граѓаните веќе не дејствуваат; тие се повикуваат само тогаш кога треба да се одигра улогата на народот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Мислеше на ловот, сега сосема поинаку, за миг губејќи ја од своите мисли сета таинственост, што ја имаше до вчера во односот кон него, а нешто што се изроди во сиот тој поминат ден во него, низ онаа проклета притивнатост во сѐ, што правеше со своите раце, и што мислеше со своите мисли, нешто како негов внатрешен отпор кон таа помиреност во неговите движења, го распалуваше во оваа квечерина и го правеше наострен и здивен за уште еден обид.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прегоруваше, губејќи ја, во една црна гламна; се престоруваше во еден ситен, најситен човек, без ништо судбинско, а отсекогаш мислел дека го има и живеал така како да го има.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Од долги проучувања и набљудувања, веќе имаше и свои заклучоци: ако ѕвездите од северната страна започнуваат како престоени цветови да венат губејќи ја бојата и сјајот, претскажува дека ќе фатат големи болести по луѓето: улери, дамли, трески, тифуси, офтики, чуми, бисерки, приштови, заушки; по ајваните: шапови, бутури, метили, лигавки, сараџи, красти, струпци; по кокошките: слепило, вртиум; по кучињата: беснило; по полето: каклици, жудилки, глутници, спарини, мемли, скувалки, пепелаш; по дрвјата: пајажини, гнилачки, имела, трат.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Од последното, најмалото парче црно копно, дирата беше излезена и скршнуваше нагоре, губејќи ја со секој чекор својата црнина, а уште погоре таа се закопуваше во неколкуте купишта смреки, што беа покриени со снегот, но на повеќе места ги подаваа зелените вршкови на своите гранки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
ТОМЧЕ: (Влегува, губејќи ја сѐ повеќе храброста што беше јо прибрал.) Татко...
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)